Трамп удри по Кина – САД воведува царини за кинескиот „Ајфон“

Американскиот претседател Доналд Трамп од 1. сепмтеври ќе воведе нови царини од десет проценти на производи од Кина, вредни околу 300 милијарди долари.

На списокот на роба која ќе биде дополнително оданочена, покрај играчките, облека и патики, се наоѓа и американскиот телефон „ајфон“.

Трамп покрај бавните преговори со Кина, на својот „Твитер“ напишал дека преговорите ќе продолжат. Тој сепак ја обвини Кина дека не ги превземала сите чекори за да ја спречи продажбата на фентанил во САД, или набавувањето на земјоделската роба во големи количини, пренесува „Асошиејтед прес“.

САД веќе примениле царина од 25% на робата од Кина во вредност од 250 милијарди долари. Кина одговорила на воведување такси на американската роба во вредност од 110 милијарди долари, вклучувајќи и земјоделски производи, што бил директен удар на приврзаниците на Трамп во земјоделскиот појас.

„Кина не сака трговска војна, но не се плаши од борба во една таква војна“, изјавила портпаролката на Министерството за надворешни работи на Кина, Хуа Чунјинг.

 

Цена на нафтата

Цените на нафтата од вчера се пораснати за околу два проценти, опоравувајќи се од најголемиот пад во последните неколку години. Нафтата поскапела по заканата на американскиот претседател Доналд Трамп, дека ќе воведе дополнителна царина на кинескиот увоз од 1. септември.

Ваквиот негов потег ќе ја интензивира трговската војна меѓу двете најголеми светски економии и двата водечки потрошувачи на сурова нафта, кој веќе ги пореметија глобалните ланци на снабдување и го здрмаа финансискиот пазар.

 

Текстот Трамп удри по Кина – САД воведува царини за кинескиот „Ајфон“ е превземен од Reporter.mk.