Учител пешачи осум километри дневно за да им подели оброк на учениците

Среде стравот од пандемијата на коронавирус, наставник од основно училиште, Гримсби, секој ден оди по осум  километри за да им подели бесплатни оброци на децата во опасност. Се разбира, тој брзо бил наречен херој.
Така, Зејн Паулс секој ден доставува 78.оброци на деца кои се квалификувани да ги примаат.
Тој вели дека товарот за носење големи торби на грб не е ништо во споредба со проблемите на семејствата принудени да останат дома.
„Вака семејствата можат да бидат повеќе заедно. Тие не треба да излегуваат надвор и сите ние сме побезбедни“, рекол тој.
Секретарката на училиштето, Ким Лич, доставува оброци со автомобил до пооддалечените области. Таа рекла: „Претпоставувам дека има неколку семејства кои имаат многу малку храна“.
Основното училиште има 300. ученици, ама секој десетти има четири деца кои живеат во дел од градот кој има многу лоши услови за живеење.
Зејн Пауелс е поранешен војник кој многу го сака спортот и испораката на оброците ја користи како можност да провери како им е на некои деца а родителите имаат можност да разменат неколку зборови со него.
Пауелс е многу внимателен во однос на пропишаното растојание и правилата на однесување за време на епидемија.
Клер Пуфри е една од мајките која изразила голема благодарност на трудот на господин Пауелс.

Така рекла:„Тоа ни помага многу затоа што значи дека не треба цело време да одиме во продавницата за да купиме храна за децата. Вака сите сме побезбедни“.
Пауелс станал вистинска легенда заради неговото несебично однесување. Се појавиле и неколку постери на кои учениците го охрабруваат, велејќи му „Лагендо“.

„Мојата работа е благосостојба и образование на овие деца. Во овие времиња,тоа го правам на малку поинаков начин “., рекол наставникот.

Текстот Учител пешачи осум километри дневно за да им подели оброк на учениците е превземен од Reporter.mk.