Удобноста на вашите газови вреди дупло повеќе од нашите животи

Патиме сите од загадениот воздух, а најмногу децата и повозрасните, 30 години нè трујат, некој профитира од тоа, порачаа учесниците на денешниот протест против загадувањето на воздухот, пред Инспекторатот на Град Скопје кој се одржува под мотото „Време е за чист воздух“ . Тие сметаат дека 1,5 милиони денари за екологија се малку и дека власта повеќе троши за свои ќефови отколку за животната средина, пренесе Макфакс.

На протестот учесниците носат транспаренти на кои пишува: „Удобноста на вашите газови вреди дупло повеќе од нашите живот – согласно со Буџет на РМ 2019“, „Ставете налепници на тешката индустрија“, „Четворица дневно умираат чекајќи чист воздух“…

„Власта да разбере дека треба итни мерки. Во најзагадените денови треба забрана за големата индустрија, два три месеци да се исклучат погоните и да се дислоцораат тие фабрики. Треба да има казни за индустриите без еко-стандарди, токсичниот отпад кај ‘Охис’ се разнесува со секој ветер и дожд, треба да се воведе забрана за градежни работи. 1,5 милион денари од Буџетот за екологија е срамно, повеќе пари трошат за службени патувања и ќефови за нив отколку за граѓаните. Во првите десет градови во светот сме по загаденост, луѓето треба да станат посвесни“, велат организаторите.

Текстот Удобноста на вашите газови вреди дупло повеќе од нашите животи е превземен од Reporter.mk.