Усеин Болт ќе игра фудбал за клуб од Сиднеј

Атлетичарот Хусеин Болт денеска пристигна во Сиднеј, каде што треба да потпише договор со фудбалскиот клуб „Централ Коуст Маринерс“. Со ова, тој ќе остане во спортот, ама ќе има многу поинаква кариера,

„Дојдов да покажам што можам. Знам за што сум способен и колку можам, па сега имам одлична можност,“ изјавил Болт по пристигнувањето на аеродромот во Сиднеј каде што го пречекаа стотици фанови.

Најбрзиот човек во светот отсекогаш сакал да биде фудбалер. По завршувањето на атлетската кариера беше на проба во „Борусија Дортмунд“, ама не постигнаа договор. Болт е светски рекордер во спринт. Покрај многуте медали, има и осум златни олимписки медали на кратки патеки.

Текстот Усеин Болт ќе игра фудбал за клуб од Сиднеј е превземен од Reporter.mk.