Вага: Годишен хороскоп за 2020 година

2020 година за вагите ќе биде година полна со работа, но и со среќа, па искористете ги сите шанси кои ви се нудат за напредување. Ова ќе биде година полна со личен напредок и себе-разбирање, што ќе ви помогне да постигнете големи промени во животот. Ве очекуваат повеќе кратки патувања и многу дружење со вашите блиски пријатели, но и со нови контакти во приватниот и професионалниот живот. Ќе бидете многу силни и пред светот ќе се покажете во одлично светло, заради што ќе стекнете многу почит, а животот ќе ви се врти околу децата, па можни се и некои промени на тоа поле.

Работа и финансии

Ќе бидете мотивирани да работите повеќе од кога било, а истовремено ќе бидете фокусирани и на вашите хобија, па ќе имате доста активна година и распоредот постојано ќе ви биде исполнет. Сепак, не се чувствувајте виновно ако направите пауза одвреме-навреме, бидејќи ќе го заслужувате тоа. Иако имате потреба повеќе работи да ги направите сами, сепак во некои периоди е подобро да се впуштите во тимска работа за подобри резултати. Кога станува збор за финансиите, ќе имате помалку непланирани,големи трошоци, но сепак, може да дојде до недостатоци во одредени месеци, па најдобро е да пробате да заштедите нешто. Ќе имате нови и креативни начини за заработка, а нови професионални шанси и договори се можни на пролет. Ќе бидете наградени за целиот труд во изминатиот период, а ќе имате можност да ја покажете вашата висока стручност. Бидете великодушни, но немојте да ја фрлате вашата заработка на непотребни работи и да инвестирате во „ветер во магла“.

Љубов

За 2020-та ѕвездите предвидуваат подобрување на проблемите кои можеби сте ги имале во претходната година. Можни се мали шанси за немир во односите, но оваа година имате шанси за усогласување. Ќе имате желба за поголема контрола во љубовта, па би било добро да не дозволувате партнерот да ве кочи, бидејќи ви е потребна и слобода и поддршка за личен развој. Доколку сте слободни, внимавајте да не се впуштите во авантура со некој кој сака да ја има контролата над вас и не ви овозможува простор за издигнување на лично поле. Ќе имате шанси за почеток на здрава врска ако барате некој со кој може заедно да освојувате животни цели. Семејните односи исто така ќе се одвиваат како „мед и млеко“ и нема да имате сериозни проблеми, па уживајте во секој момент поминат со саканите.

Здравје

Во првите неколку месеци од 2020-та ќе се наполните со енергија, па обидете се во текот на цела година да ја насочувате правилно и да не ја потрошите одеднаш. Иако вагите не важат за љубители на вежбањето, сепак ова ќе мора да го промените и да докажете дека можете подобро, за да ја зачувате енергијата и доброто здравје. Ќе имате интерес и за алтернативни здравствени методи, па добро би било да направите баланс и целосно да се погрижите за себе. Во 2020-та ќе бидете фокусирани и на подобрување на менталното здравје и духот, па ќе зајакнете како личност и ништо нема да ви стои на патот.

Текстот Вага: Годишен хороскоп за 2020 година е превземен од Reporter.mk.