(Видео) 1300 голи волонтери се прошетаа низ улиците на Валенсија

Над 1300 машки и женски волонтери вчера се прошетаа низ центарот на Валенсија, во знак на поддршка на жените во уметноста и во име на уменоста и културата.

Собраните луѓе ги фотографирал Спенсер Туник, фотограф од Њујорк, кој е познат по правењето на голи фотографии.

Тој ги фотографирал луѓето од различни позиции, а на некои фотографии жените се прикажани како се наоѓаат во пизиција над мажите, сакајќи на тој начин да испратат порака дека тие се помудри од нив.

Текстот (Видео) 1300 голи волонтери се прошетаа низ улиците на Валенсија е превземен од Reporter.mk.