(Видео) Албанка вработена во финансии снимена како бара мито за неа и министерот

Мона Аликај, која работи како административец во албанското Mинистерство за финансии, била тајно снимена од еден граѓанин Албанец, како му бара мито за неа и министерот.

Албанскиот државјанин вели дека неговиот случај на приватизација на својот имот заглавил во административните лавиринти повеќе од 25 години. Деновиве тој на социјалните мрежи ја објави снимката од понудата што му ја дала службеничката, која била вработена во Министерството за финансии на Албанија.

На снимката таа му понудила помош каква што не му се допаднала на Албанецот. Таа му објаснила дека може да го реши неговиот случај за 6 000 евра, но дека министерот за финансии на Албанија барал 8 000 евра.

„Случајот кој трае повеќе од 25 години ќе биде решен за 5 месеци, може?“, го прашала Мона албанскиот граѓанин.

Текстот (Видео) Албанка вработена во финансии снимена како бара мито за неа и министерот е превземен од Reporter.mk.