(Видео) Ангела Меркел повторно се тресеше

Ангела Меркел повторно се тресеше на јавна сцена, трет пат за помалку од месец дена. Германската канцеларка го сврте вниманието кон себе за време на приемот на поранешниот финскиот политичар Анти Рине во Берлин.

Канцеларката почнала да се тресе додека ја следела почесната стража во чест на пристигнувањето на Рине.  Канцеларката два пати беше забележана како се тресе, па јавноста сериозно беше загрижена за нејзиното здравје.

Првиот пат немилиот настан се случи на 18. јуни, додека Меркел го чекаше новоизбраниот украински претседател Владимир Зеленски. Канцеларката тогаш ја смири јавноста велејќи дека тоа било поради дехидрација.

Вториот пат Меркел се тресеше на 27. јуни кога присуствуваше на официјалната церемонија во Берлин. Поради нарушената здравствена состојба на Меркел, во јавноста голем број заговорници се прашуваа што се случува со германската канцеларка и од што таа боледува.

Од што боледува Меркел?

Текстот (Видео) Ангела Меркел повторно се тресеше е превземен од Reporter.mk.