(Видео) Ароганција или неспособност? – Трамп не знае да затвори чадор?

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во неделата додека влегуваше во претседателскиот авион го остави отворениот чадор пред самата врата.

Многумина ваквата сцена ја протолкуваа како буквална метафора за целиот негов мандат. На снимката Трамп со чадор во рацете се качува по скалите, а како се приближува кон врата, почнува да го влече чадорот по земја.

Наместо да го затвори, тој го остави не земајќи го со себе. Набрзо потоа едно лице од обезбедувањето го отстрани чадорот.

Голем број лица кои го следат претседателот на САД пишуваат дека Трамп не знае како се затвора чадор.

Текстот (Видео) Ароганција или неспособност? – Трамп не знае да затвори чадор? е превземен од Reporter.mk.