(Видео) Астронаут од НАСА советува како да се справите со изолацијата

Американскиот астронаут Скот Кели, кој помина скоро една година во Меѓународната вселенска станица, во интервју за емисијата „Тудеј“ советува како луѓето можат најлесно да ја преживеат социјалната изолација. Во моментов во изолација се повеќе од една милијарда луѓе во светот поради пандемијата на коронавирус.

Пензионираниот астронаут на НАСА вели дека додека бил сам во вселената најмногу му недостасувало излегувањето и глетката на природата. Затоа советува, при присилна изолација, да се држиме до распоред на активности, да се води дневник, да гледаме телевизија и да спиеме многу.

„Не треба да тренирате два и пол часа на ден, како што бараат астронаутите, но не е лошо да се вежба барем еднаш дневно“, препорачува Кели.

Текстот (Видео) Астронаут од НАСА советува како да се справите со изолацијата е превземен од Reporter.mk.