(Видео) Баба на 93 години вежба гимнастика и победува на натпревари

Една баба која има 93 години е вистинско чудо од жена. Нејзиното име е Џоана и таа е аматерска гимнастичарка која на натпреварите демонстрира импресионирачка флексибилност и сила.

Џоана е запишана во Гинисовата книга на рекорди – таа е најстарата гимнастичарка во историјата на овој спорт.

Љубовта на Џоана кон гимнастиката започнала одамна. Пр пат на 9 години, кога настапила на натпревар во 1934 година.

По Втората светска војна, гимнастиката била забранета во нејзината земја бидејќи им се давала предност на тимските спортови, па Џоана се префрлила на ракометот во кој исто така била успешна. Таа со својот тим го освоила првенството во источна Германија во 1954 година. Во меѓувреме се венчала и родила три ќерки, но ништо од тоа не ја оддалечило од нејзината прва љубов.

Така, Куас одлучила да стане тренер на младите гимнастичари, за на 57 години односно во 1982 година, да сретне две стари пријателки кои ја мотивирале повторно да почне да вежба и да се натпреварува.

Истата година, таа освоила многу медали на регионалните натпревари, на воодушевување на целиот регион. Сега на 93 години, вели дека е најгорда на моментот кога успеала да победи на гимнастичарски натпревар на 84 години, и тоа во категорија во која останатите натпреварувачки биле на возраст од 70 до 75 години.

Текстот (Видео) Баба на 93 години вежба гимнастика и победува на натпревари е превземен од Reporter.mk.