(Видео) Бекам го прашува Роналдо како стои со англискиот јазик

Поранешните фудбалски легенди и играчи на Реал Мадрид, Дејвид Бекам, Роналдо, Луис Фиго, Роберто Карлос и Икер Касилјас во периодот додека се во изолација во своите домови, контактираа преку видео линк и се потсетија на старите добри времиња.

Најинтересен беше разговорот меѓу Бразилецот Роналдо и Дејвид Бекам. Поранешниот англиски капитен го праша Роналдо како стои со англискиот јазик, на што овој му одговори дека не е баш најдобар, но со чаша вино, може да се подобри. Двајцата поранешни галактикоси, играа за Реал Мадрид во периодот од 2003 до 2007 година.

Текстот (Видео) Бекам го прашува Роналдо како стои со англискиот јазик е превземен од Reporter.mk.