(Видео) Бел кит залутал во водите на Темза

Белиот кит познат и како арктички кит е забеллежан како плови во реката Темза во Велика Британија. Експертите предупредуваат дека овој залутан цицач најверојатно е загрозено, па ги молат граѓаните да не му се приближуваат, туку да го набљудуваат само од брегот.

Се стравува дека китот нема долго да живее, затоа што тешко дека ќе дојде до храна во Темза.

„Белиот кит се храни со медузи и слични животни, а во Темза ги нема во изобиле. Тоа што Темза е полна со пластични кеси, сериозно би можело да му наштети на китот. Се надеваме дека китот ќе пронајде пат до неговото живеалиште. Не би било добро ако граѓаните се обидат да го спасат“, изјавила Тања Фери, шефицата од одделението за заштита на животна средина.

Текстот (Видео) Бел кит залутал во водите на Темза е превземен од Reporter.mk.