(Видео) Белата куќа под снег, врнежи низ повеќе градови во САД

Поради силните снежни бури кои го погодија средишниот и источниот дел на САД, затворени се голем број на школи, а сообраќајот во одредени делови се одвива отежнато.

Агенциите пренесуваат дека во повеќе американски градови забележани се огромни врнежи на снег. Во Вашингтон, Белата куќа е целата покриена со снег. Во Њујорк, затворени се повеќе школи.

Во Филаделфија затворени се сите канцеларии на градските управи, а во текот на неделава воведени се и дополните мерки на заштита за сите бездомници.

Американската сојузна држава Њу Џерси прогласила вонредна состојба. Тамошните служби велат дека очекуваат 10 сантиметри снег, а потоа и врнежи од дожд.

Откажани се повеќе од 2200 летови ширум земјата. а околу 4700 се одложени.

Текстот (Видео) Белата куќа под снег, врнежи низ повеќе градови во САД е превземен од Reporter.mk.