(Видео) Буш и подари чоколадо на Мишел Обама на погребот на татко му

Граѓаните на Вашингтон синоќа се простија од 41 претседател Џорџ Буш постариот. Меморијалната служба се случи во Националната катедра во Вашингтон, каде присуствуваа и најголемите американски официјални лица и светски лидери.

Медиумите го снимија моментот кога Буш помладиот се поздравуваше со поранешните и сегашни претседатели и први дами, а во еден момент извади од џебот џоколадо кое и го даде на Мишел Обама.

Сопругата на Обама во една од последните средби со Буш постариот, доби чоколадо, па се претпоставува дека неговиот син на церемонијата го повтори гестот на неговиот татко.

По почесните истрели пред Капитол, погребната поворка со ковчегот на Џорџ Херберт Вокер Буш, мина низ центарот на Вашингтон, од Капитол Хил до Националната катедрала.

На церемонијата на испраќање меѓу останатите присуствуваа сегашниот претседател на Америка и неговата сопруга, Доналд и Меланија Трамп, како и поранешните претседатели со нивните сопруги, Бил и Хилари Клинтон и Барак и Мишел Обама.

Текстот (Видео) Буш и подари чоколадо на Мишел Обама на погребот на татко му е превземен од Reporter.mk.