(Видео) Десет години го криела својот љубовник на таван

Германката Валбург Остерејх е позната како жената Доли која десет години го криела својот љубовник на таванот во својата куќа во Висконсин во САД. Нејзиниот сопруг Фред една деценија не забележал дека во нивната куќа на таванот се крие човек, кој бил ангажиран да ѝ ја поправи нејзината машина за шиење.

Бизарната приказна започнува во есента 1913 година кога Доли се запознала со тогаш седумнаесетгодишниот Ото Снахубер. Кога ѝ тропнал на врата, таа го дочекала гола. Од тој момент почнува нивната љубовна врска. Како што пишува весникот „Лос Анџелес тајмс“, двајцата често се состанувале во хотели, а потоа се гледале и во куќата.

Државата Висконсин, каде штоживееле Доли и Фред, била центар на конзервативно американско друштво, па соседите почнале да се бунат поради честите посети на непознатото момче во домот на омажена жена. Тогаш Доли добила идеја да го сокрие Ото на таванот.  Тој дал отказ и се преселил кај Доли.

Тој уживал во благодетите од врската, но истовремено се одрекол од секаков контакт со луѓето. Доли го чувала и му носела храна и книги за читање. Ото многу сакал да чита и мечтаел еден ден да стане писател. За пет години поминати на таванот успеал да напише неколку романи.

Истовремено сопругот на Доли, Фред, почнал да полудува. Слушал необични звуци на таванот. Постојано му исчезнувале цигарите, а изјавил и дека често гледал сенка што се појавувала пред вратата на спалната соба. Во 1918 година Фред  одлучил да се пресели во Лос Анџелес. Доли се согласила, но под услов и новата куќа да има таван.

Брачната двојка по преселбата често почнала да се расправа. Ситуацијата кулминирала во 1922 година, кога за време на една расправија и самиот Ото се исплашил за животот на Доли. Тој се симнал од таванот и го убил Фред, за да ја заштити својата љубовница.

Двајцата се договориле таа да се сокрие во плакарот и да се преправа дека некој насилно влегол во куќата, и дека крадецот го убил Фред. Полицијата поверувала во оваа приказна затоа што немале никаква причина да се сомневаат во Доли. Вдовицата го наследила големото богатство и продолжила да ужива во животот заедно со Ото.

Текстот (Видео) Десет години го криела својот љубовник на таван е превземен од Reporter.mk.