(Видео) Девојка ја одби понудата за брак од милионер од Кина

Млад новопечен богаташ од Кина беше одбиен од неговата девојка, откако решил јавно да и понуди брак. Таа пред сите му рекла не и покрај големите понуди кои и ги нудел пред сите гости.

Момчето ја дочекало девојката со балони, ружи, огномет и ламбурџини. Иако таа му рекла дека не сака да се мажи, тој постојано инсистирал да се земат.

„Омажи се за мене, имам пари. Можам да купам уште многу вакви скапи автомобили“, ја притискало момчето својата девојка, инсистурајќи дека сака да ја омажи.

„Па што ако имаш пари“, му рекла девојката и си заминала.

Тој неможејќи да се помири со ваквиот факт, почнал да го фрла букетот на сите страни и да се дере и да руши се околу себе.

Многу Кинези на социјалните мрежи коментирале дека девојката направила мудар потег што одбила да го земе за маж. Очигледно момчето не може да го котролира својот бес и да се однесува нормално, кога нема да го добие тоа што го сака.

Текстот (Видео) Девојка ја одби понудата за брак од милионер од Кина е превземен од Reporter.mk.