(Видео) Додека светот се бори против коронавирусот, младите во САД се журкаат

Додека светот се бори против коронавирусот, младите низ целата земја во САД се журкаат. Поради пандемијата со коронавирусот, целиот свет превзема остри мерки за да го спречи ширењето на заразата, но, во пракса тоа баш не е така. Поединци, деновите без школо, факултет и работа го сватија како можност за одмор.

Така на острвото Саут Падре во Тексас, беше одржана голема журка. Иако масовните собири со причина беа забранети, стотина млади се собраа и се забавуваа на брод.

На Флорида плажите и понатаму се толку полни, па на социјалните мрежи се поставуваат прашања дали овие луѓе воопшто слушнале дека во светот се шири опасна зараза. Во САД досега се заразени повеќе од 14.000 луѓе, а починати се најмалку 217.

Слично е и во Тексас, каде се одржани големи концерти.

„Гајле ми е ако добијам коронавирус. Тоа нема да ме спречи да се збаавувам“, изјави едно момче.

И покрај пандемијата на коронавирусот, голем број на млади заминаа во Мајами за таму да го минат пролетниот распист. Тие ги посетуваат големиот број барови и плажи, се дружат, одат на журки и не се загрижени премногу од ситуацијата со коронавирусот.

Текстот (Видео) Додека светот се бори против коронавирусот, младите во САД се журкаат е превземен од Reporter.mk.