(Видео) Долг аплауз од балконите за лекарите и медицинските сестри во Мадрид

Нешто слично како и во Италија каде луѓето кои се во домашен карантин пееја од своите балкони, во Шпанија,  во Мадрид се аплаудираше. Вчера околу 22 часот, 19 секунди траеше аплаузот од балконите и прозорците наменет за лекарите, медицинските сестри и останатите здравствени работници кои се на првата линија во одбрана од коронавирусот.
Исто така таксистите во Шпанија донесоа одлука во престојниот период додека трае вонредната состојба лекарите и сите здравствени работници да ги возат бесплатно до своите работни места.
Инаку, откако беше прогласена вонредно состојба поради коронавирусот, од понеделник во Шпанија стапува на сила одлуката за ограничено движење на граѓаните.

Текстот (Видео) Долг аплауз од балконите за лекарите и медицинските сестри во Мадрид е превземен од Reporter.mk.