(Видео) Елка со три милиона кристали „Сваровски“ блесна во Њујорк

Пред центарот Рокфелер  во Њујорк е поставена норвешка смрека висока 23,5 метри, а одгледувана 60 години. Ја засадила Керол Шулц во својот двор, по Божиќ. Оваа „елка“ сега е украсена со три милиони кристали „Сваровски“.

На друг крај од светот, во Вилнус – главниот град на Литванија, на метална конструкција висока 50 метри, поставена е елка од 27 метри. Осветлена е со сино-бели лампиони и личи на шаховска фигура.

А пак, пред Капитол хил во Вашингтон има сина оморика, донесена од Ново Мексико. Беше накитена од самите граѓани.

Текстот (Видео) Елка со три милиона кристали „Сваровски“ блесна во Њујорк е превземен од Reporter.mk.