(Видео) Еруптираше вулканот Попокатепетл во Мексико

Денеска еруптираше вулканот Попокатепетл во Мексуко, пренесуваат локалните медиуми. Се очекува опожарениот пепел да ги загрози најмалку 20 населби кои се наоѓаат во околината.

Според извештаите ерупцијата се случила околу 8:17 часот по локално време, а облакот од пепелот достигнал висина од 1,5 километри и се движи во правец во општината Пуебла.

Последната ерупцијата на вулканот Попокатепетл се случила вечерта на 26 март и тогаш лавата и опожарениот пепел достигнале висина од околу 2,5 километри од кратерот.

Во претходните неколку месеци забележана е зголемена активност на овој вулкан, пишува „Спутник“.

 

 

Текстот (Видео) Еруптираше вулканот Попокатепетл во Мексико е превземен од Reporter.mk.