(Видео) Европска премиера на лимузината на Путин

На саемот на автомобили во Женева, покрај претставувањето на најскапиот автомобил на светот Bugatti La Voiture Noire, главна атракција беше лимузината на руската компанија Aurus, позната како лимузината на Путин.

Европската премиера на новиот автомобил Aurus S600 и неговата оклопна модифкација, лимузината L700 е одржана во познатиот салон на автомобили во Женева.

Првиот модел на S600 бил покажан во август 2018 година на саемот на автомобили во Москва. Најголемиот амбасадор на брендот Aurus е претседателот на Русија, Владимир Путин. Претседателскиот модел е оклопната верзија со соодветен хибриден погон.

 

Текстот (Видео) Европска премиера на лимузината на Путин е превземен од Reporter.mk.