(Видео) Фрлени илјадници килограми моркови за животните низ цела Австралија

Голем број авиони и хеликоптери се користат во операцијата да се нахранат животните кои ги преживеаа големите пожари во Австралија и со кои службите се борат веќе четири месеци.

Владата во Нов Јужен Велс пред една недела почна со операцијта „Rock Wallaby“, а досега од авионите биле фрлени 2200 килограми свежи моркови.

Министерот за заштита на животната средина Мет Кин, изјавил дека многу од животните се спасиле и побегнале од пожарите, но сега се наоѓаат надвор од своите домови и во непознати предели, каде немаат пристап до храна.

„Освен што фрламе храна, поставуваме и камери и ги проверуваме подрачјата каде храната паѓа, за да видиме колку животни јадат и колку од нив преживеале“, навел Кин.

Организаторите на акцијата нагласиле дека меѓу животните кои се хранат има голем број на загрозени видови. Некои од нив изгореле во пожарите додека други починале од последица на изгореници и вдишување дим, пренесува „Сиднеј морнинг хералд“.

Текстот (Видео) Фрлени илјадници килограми моркови за животните низ цела Австралија е превземен од Reporter.mk.