(Видео) Фудбалерот Салах трчаше гол на улица по поразот од Атлетико Мадрид

Фудбалерот на Ливерпул, Салах, по поразот од Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони, во средата трчаше гол низ улиците на Ливерпул. На „Твитер“ се споделува снимка од Египјанецот, но засега не е познато дали станува збор за облог или, пак, Салах бил нервозен, па тешко го примил поразот од Шпанците.

Додека полицијата се обидувала да го приведе, еден од минувачите со мобилен телефон го снимил фудбалерот како  трча низ улиците.

Ливерпуп изгуби од Атлетико Мадрид со 3:2, иако англискиот тим ја анулираше предноста на Шпанците од првиот меч, а потоа во продолжението и прв стигна до водство.

На крајот тимот на Атлетико Мадрид со головите на Љоренте и Мората успеа да обезбеди четвртфинале во елитното европско фудбалско натпреварување.

Текстот (Видео) Фудбалерот Салах трчаше гол на улица по поразот од Атлетико Мадрид е превземен од Reporter.mk.