(Видео) Ги исекол ноктите на рацете по 66 години

Индиецот Шридар Чилал, кој ги имаше најдолгите нокти во светот, ги исекол по 66 години. За да ги исече корисел мала електрична брусилка, а потоа ги подарил на музеј во Њујорк.

На последното мерење, вкупната должина на ноктите на левата рака на Чилал изнесувала повеќе од девет метри. Тој е запишан и во Гинисовата книга на рекорди.

Но, во едно интервју рекол дека скапо го платил рекордот бидејќи неговата рака лева останала трајно хендикепирана поради зараснатите нокти.