(Видео) Гладни мечки раскопале гробишта на Камчатка

Неколку мечки раскопале бројни гробни места на гробиштата во Камчатка, на далечниот исток во Русија. Одговорните за чување на гробиштата велат дека најверојатно животните биле во потрага по храна, пренесува агенцијата „Интерфакс“.

„Обично ова време мечките ловат риба, но оваа година во блиската река нема риби“, вели еден од службениците на гробиштата.

„Лушето оставаат храна на гробиштата во чест на починатите. Веројатно мирисот на храната ги привлекло мечките“, дополнил тој.

ЕДНА МЕЧКА Е УБИЕНА

Седум гробишта биле раскопани до ковчегот, а крстовите биле скршени на гробиштата на градот Јелизова, се наведува во извештајот.

Една од мечките, за која се верува дека била меѓу сторителите на вандализмот е уловена и убиена.

 

Текстот (Видео) Гладни мечки раскопале гробишта на Камчатка е превземен од Reporter.mk.