(Видео) Го застрелал управникот затоа што не водел грижа за зградата

Деведесет и тригодишен маж пукал во управникот на зградата во која живеел затоа што сметал дека не водел доволно грижа за зградата. Тој го сметал за одговорен за поплавата во неговиот стан. Инцидентот бил снимен од безбедносните камери во канцеларијата.

На 2. јануари Роберт Томас облечен во црн капут и со црн шешир, влегол во зградата и со пиштол почнал да му се заканува на управникот, а потоа го застрелал.

Неколку моменти потоа, полицаецот Роналд Хорнијак од полициската станица во Лас Вегас, пристинал на местото на настанот и го застрелал Томас.

Томас бил префрлен во болница, а брзо потоа бил и пуштен. Тој е обвинет за обид за убиство, киднапирање и поседување на скриено оружје. Кога на 3. јануари се појавил пред судот, 93 годишниот маж изјавил дека не сакал да го повреди управникот, туку само сакал да си поигра со него. Полицијата која ја води истрагата, покрај случајот со застреланиот управник на зградата, го истражува и моментот кога полицаецот пукал Томас.

Текстот (Видео) Го застрелал управникот затоа што не водел грижа за зградата е превземен од Reporter.mk.