(Видео) „Хулк“ од Пакистан бара невеста

Араб Кизер Хајат од местото Мардана, на северот од Пакистан, познат под надимакот „Хулк“ бара невеста. Хајат е дигач на тегови и е висок 197 сантиметри, а тежок 444 килограми. Тој вели дека во последните неколку години тој очајно бара жена, затоа што сака да им ја исполни желбата на неговите родители, што побргу да се ожени.

Тој досега одбил голем број девојки, затоа што не го поминале неговиот тест.

„Ми треба сопруга која ќе биде тешка, затоа што не сакам да ја повредам. Сите жени кои досега сакаа да се оженат со мене беа премногу слаби“, вели Араб за „Дејли Мејл“.

Тој вели дека неговата сопруга мора да биде најмалку 100 килограми тшека и повисока од 192 сантиметри, за да изгледаат добро заедно. Араб тврди дека досега одбил околу 200 до 300 жени, затоа што не одговарале на неговите параметри. Хајат е популарен во својот роден крај.

На интернет се споделуваат снимки на кои тој влече трактори, автобуси, автомобили и дига коли со една рака. За да ја одржи линијата, Хајат во текот на денот јаде по четири кокошки, 36 јајца, 3 килограми месо и пет литра млеко.

Текстот (Видео) „Хулк“ од Пакистан бара невеста е превземен од Reporter.mk.