(Видео) Индонезианец и испратил селфи на сопругата недолго пред падот на авионот

Еден од патниците кои настрада во падот на авионот на индонезиската компанија Lajon er, лет во кој животот го изгубиа 189 патници, и испратил на својата сопруга селфи, недолго пред да се случи несреќата.

Дерил Фида Гербијанто сликата ја испратил во 6.01 часот по локално време, недолго пред авионот кој тргнал од Џакарта, падне во море.

На сликата момчето носи хируршка маска, а сликата ја испратил на сопругата Луфтиани Ека Путри со која се венчал две недели претходно, а со која требало да се состане за да заминат на крстарење.

Според нејзините зборови, тој ја испратил пораката до 6:12 часот, за во 6:15 престане да одговара на нејзините пораки.

Ова е најстрашната авионска несреќа во Индонезија, откако авионот Er Ejžije патувајќи од Сурабија кон Сингапур се срушил во морето во декември 2014 година. Во несреќата настрадатаа 162 лица колку што ги имало во леталото.

Lajon er е една од најмладите и најголеми авиокомпании во Индонезија.

Текстот (Видео) Индонезианец и испратил селфи на сопругата недолго пред падот на авионот е превземен од Reporter.mk.