(Видео) Јункер си поигра со косата на негова колешка

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, за време на самитот во Брисел, беше уловен во необична ситуација, откако си поигра со косата на една неговата пријателка. Тој ја поздрави со голем ентузијазам, а поентираше со бакнеж во лицето.

Јункер се најде на мета на твитерџиите и поради неговото необично однесување, откако фрли документи на под, иако покрај него стоеше претседателот на Советот на Европа Доналд Туск, како и други официјални лица.

Јункер подоцна и со раката го покрил објективот на една камера, а потоа се искарал и со британската премиерка Тереза Меј. Кавгата не мина незабележано на социјалните мрежи.

Новинарите често го повикуваат Јункер поради склоноста кон алкохолот, поради кои прави гафови на самитите.

Текстот (Видео) Јункер си поигра со косата на негова колешка е превземен од Reporter.mk.