(Видео) Кенгур нападнал брачен пар во Австралија

Брачен пар од Австралија Џим и Линда Смит, кои работат како заштитници на дивите животни во оваа земја, биле нападнати од кенгур. Од медицинскиот тим соопштиле дека и двајцата биле среќни што останале живи.

Кенгурот им нанел такви тешки повреди, што Линда морала да оди на операција, поради напукнатиот бел дроб, скршените ребра и изгребанците. Ништо полесно не минал ни Џим.

Семејството ги хранеле дивите кенгури на својот имот во областа Дарлинг Даунс, кога еден сив кенгур, го удрил Џим и го соборил на земја. Тој ја нападнал и неговата сопруга Линда, која притрчала да му помогне.

„Беше страшно. Ме нокаутираше не еднаш, туку два пати. А еднаш кога ќе ве дофатат, видите што може да ви направат“, изјавил Џим на новинарите покажувајќи им ги повредите.

Австралиските медиуми известиле дека кенгурот се повлекол откако на теренот се појавил нивниот син со дрво во рацето.

„Доколку кенгурот продолжел да ја удира Линда, нејзиниот живот сигурно ќе бил во опасност“, изјавил член на медицинскиот тим Стивен Џонс.

„Во Австралија живеат вкупно 45 милиони кенгури, а нивните конфликти со луѓето не се невообичаена појава, ако се земе во предвид дека луѓето ги населуваат тие подрачја на кои живеат животните“, пишува Ројтерс.

Текстот (Видео) Кенгур нападнал брачен пар во Австралија е превземен од Reporter.mk.