(Видео) Кинезите ја снимија темната страна на Месечината

Кинеската национална вселенска агенција (CNSA) објавила снимка од слетувањето на нивната лунарна сонда на спротивната страна на Месечината. Ова претставува прво „меко“ слетување на Месечината во историјата на човештвото, во делот кој не е видлив за нашата планета.

Кинескиот модул за проучување на темната страна на Месечината „Чанга 4’“, слетал на темната страна на Месечината на 3 јануари. „Чанга 4“ е вселенски модул кој се состои од стациониран лунарна станица и лунарен ровер, кој беше лансиран на 7 декември од космодромот „Сичан“ во југозападната кинеска провинција Сичуан.

Кинеската лунарна мисија е наречена по митската божица „Месечина“ и вклучува три фази: орбитирање, слетување и враќање на Земјата. Првата и втората фаза веќе се успешно изведени.

Текстот (Видео) Кинезите ја снимија темната страна на Месечината е превземен од Reporter.mk.