(Видео) Коронавирусот е победен во Вухан

Последните две привремени болници кои беа изградени во Вухан, во кинеската провинција Хубеј, епицентарот од каде се појави епидемијата на коронавирусот, беа затворени во вторникот. Тоа значеше и затворање на сите 16 привремени болници за заболени од коронавирусот во тој град.

Вкупно 49 патници излегоа од привремените болници во вторникот околу 15:30 часот. На социјалните мрежи се споделува снимка од лекарите кои го одбележаа моментот кога болниците беа затворени.

Додека ги снимаше камерата, еден по еден ги симнуваа своите заштитни маски. Насмеани им мавтаа на камерите. Видеото кое собра голем број позитивни коментари, брзо се рашири на социјалните мрежи низ целиот свет.

Кинеските власти претходно ги преуредија јавните објекти како што се изложбените центри и спортските сали во 16 привремени болници. Тие служеле за да се изолираат и да се излечат пациентите заболени од коронавирусот.

Во таквите центри, лекарска помош добија околу 12.000 луѓе.

Текстот (Видео) Коронавирусот е победен во Вухан е превземен од Reporter.mk.