(Видео) Мајка се обидува да се избори со паничен напад, а да не ја забележат децата

Софи Меи Лан од Вејкфилд од Велика Британија објавила своја снимка на Јутјуб, раскажувајќи дека преживува панични напади, додека во позадина си играат нејзините деца.

Снимката трае две минути, а таа го снима моментот како се обидува својот паничен напад да го сокрие од семејството.

„Сакав да покажам како всушност изгледаат болестите со кој се соочуваат многу жени. Имам прекрасно семејство, сопруг полн со љубов, дом и деца. Но, јас имам проблем. Некои од вас ќе се чудат како во вакви моменти како се сетив да снимам, но сакав да ја покажам вистинската, сурова страна на животот. Оваа снимка имаше терапевтско дејство врз мене, бидејќи луѓето од околината воглавно ме гледаат како успешна и „нормална“ жена. Оваа моја страна никој не ја знае“, раскажува Софи.

„Паничниот напад не можете да го предвидите. Се случува неочекувано, но и кога сум уморна, нервозна или разочарана. Сакам секогаш да бидам тука за моите деца, но понекогаш тоа е ужасно тешко и се чувствувам како да сум ги изневерила. Кога сме сами дома, а јас имам паничен напад, не можам така едноставно да излезам од дома и да побарам помош, бидејќи сум одговорна за нив. Затоа, единствено ми преостанува да чекам да ми помине“, додава оваа мајка.

Инаку, според истражувањето коа го спровеле „ChannelMum.com“, околу 85% од мајките, во одреден период на бременоста или првите месеци со бебето, доживуваат некаков вид на анксиозност или воопшто некакви проблеми со менталното здравје. Сепак, повеќе од половина од нив, тврдат дека лекарите не ги предурпедиле за тоа. На сето тоа, околу 23% од родителите признале дека имале паничен напад додека ги чуваат децата.

Текстот (Видео) Мајка се обидува да се избори со паничен напад, а да не ја забележат децата е превземен од Reporter.mk.