(Видео) Македонски танчери се светски шампиони во латино

Танчерите од Eat The Beat од Скопје станаа шампиони во латино танцување на Светското првенство што се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина. По пауза од една година, тие повторно ја освоија титулата светски шампиони во детска категорија.

Освен титулата светски шампиони во латино шоу, танчерите од Eat The Beat освоија уште две награди – 3. место во Синхро денс во детска категорија и 4. место во Латино шоy, возрасна категорија, која е најмасовна и најсилна конкуренција во оваа танц-дисциплина.

Покрај Eat the Beat, Македонија на ова првенство ја претставуваа и танчерите на Expose од Битола, кои освоија една награда на првенството.

Светски Шампиони ❤️😍🇲🇰Нашите репрезентативци ,членови на Eat The Beat – Dance Studio повторно на светскиот трон. Браво дечиња.😍Уживајте во Македонската химна ❤️

Posted by Македонска Асоцијација за Модерни Танци (MAMT) on Петок, 01 ноември 2019

Текстот (Видео) Македонски танчери се светски шампиони во латино е превземен од Reporter.mk.