(Видео) Маж починал од инфаркт додека пеел на свадбата на ќерка си

55-годишен Индиец починал од срцев удар додека пеел на свадбата на неговата ќерка. Тој на ќерката ѝ ја пеел нејзината омилена песна од филмот „Амарам“, во кој темата е љубовта помеѓу ќерката и таткото. Мажот паднал на бината и итно бил пренесен во болница. Лекарите таму само прогласиле смрт. Гостите, сепак на неговата ќерка ѝ рекле дека само му се слошило и дека се опоравува во болница. Веста за смртта на таткото, невестата ја дознала еден ден по свадбата.

Текстот (Видео) Маж починал од инфаркт додека пеел на свадбата на ќерка си е превземен од Reporter.mk.