(Видео) Мексикански фудбалери се превртуваат како Нејмар

Бразилскиот фудбалер Нејмар е предмет на исмевање во Мексико, каде смислиле натпреварување во кое натпреварувачите се превртуваат како Бразилецот на мечот со Србија, по направениот фаул врз него. Тој кој ќе стигне прв до целта добива награда.

Целото натпреварување било направено на сметка на Бразилецот кој наместо по мајсториите на теренот на овогодинешниот Мундијал, ќе остане запаметен по фрлањето на теренот и лажните фаули кои ги глумеше дека се направени врз него.

Многумина не можат да го трпат неговото фолирање, па Мексиканците сега смислија и начин како да го исмејат.