(Видео) Меркел превртува очи и бега од Тереза Меј оти се исто облечени

На фејсбук деновиве се споделува видео од Самитот на НАТО во Брисел на кое германската канцеларка Ангела Меркел превртува со очи и бега од премиерката на Британија Тереза Меј оти се облечени исто. „Летаат искри“ е еден од коментарите на социјалните мрежи. „Меркел личи на искомплексирана тинејџерка што не сака да ја споредуваат со Меј“, стои во друг коментар. „Стилистката на Ангела ќе остане без работа“, напишал трет.

Двете жени за една од конферециите на самитот избрале слична гардероба во боја на мастило, а Меркел бега од Меј, оди неколку чекори пред неа, дури и не разговара кога Британката ѝ се обраќа.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.