(Видео) Метеор го осветли небото над Сардинија

На социјалните мрежи се појави видео на кое е снимен голем метеор кој го осветли небото на италијанскиот остров Сардинија. Несекојдневната слика ја направил возач кој со својата камера успеал да го сними додека метеорот паѓа на земјата.

Кога вселенскиот објект влегол во земјината атмосфера го осветлил небото над местото Торе Гранде, на италијанскиот остров.

Летечкиот метеор е виден и во Шпанија, поточно од Ибица, каде полицијата примила повеќе од 55 повици од загрижени очевидци.

Текстот (Видео) Метеор го осветли небото над Сардинија е превземен од Reporter.mk.