(Видео) Метеор удира во Месечина за време на затемнувањето

Оние кои гледаа во небото и месечината во неделата вечерта, имаа можност да го видат затемнувањето на земјиниот сателит, но и ударот на метеор.

Ударот на метеор можеле да го забележат голем број набљудувачи, па дури и оние опремени со аматерска опрема. Велат дека забележале краток блесок, за кој велат дека бил некој вид на локален феномен или нешто што нема врска со Месечината. Биле изненадени кога го виделе истиот удар на двете снимки направени во Мароко и Калифорнија.

Веста прво била објвена на „Редит“ чиј корисник пријавил дека забележал „мал блесок на Месечината“ и побрзал да провери дали истото го забележал и некој друг. Слична слика забележале и корисниците од Мороко.

За феноменот известиле и од опсерваторијата Грифит од Лос Анџелес. Од таму велат дека не била едноставна работа да се сними моментот на удар, затоа што метеорот бил многу мал. Веројатно бил тежок околу десетина килограми и не се движел премногу брзо. Моментот на снимката од самиот удар, бил пократок од едно трепнување со окото. И покрај големите предизвици, повеќе луѓе успеале да го сликаат и снимат ваквиот настан.

Во текот на следните неколку дена, ќе науиме многу повеќе за овој метеор и многу други ситни метеори како него. Овие објекти се премали за нас за да може да се забележат со помош на телескоп.

Единствен начин да дознаеме нешто повеќе за нив е преку нивните удари. Колку се посилни, толку можеме повеќе да откриеме за нив. Благодарение на овој судар, може да дознаеме повеќе за тоа, за какви ситни карпи станува збор и колку често се удираат во планетите и сателитите во нашиот Сончев систем, велат научниците.

Текстот (Видео) Метеор удира во Месечина за време на затемнувањето е превземен од Reporter.mk.