(Видео) Морето не може да се види од пластиката во него

На социјалните мрежи кружи загрижувачка снимка со еден куп пластиака која плови во Карипското море.

Сцената била забележана на брегот на градот Санто Доминго во Доминиканската република, а покажува колкав замав земало загадувањето.

Има толкава количина на ѓубре што водата воопшто не се гледа, а кога ќе се појават брановите, сликата стаува уште полоша.

Организацијата која се занимава со зачувување на животната средина во овој град, веднаш се фатила за работа и извадила 30 тони пластика која пловела во водата.

„По три дена чистење од морето извадивме 30 тони пластика, а има уште многу работа“, стои во описот на снимката која кружи низ социјалните мрежи.

Текстот (Видео) Морето не може да се види од пластиката во него е превземен од Reporter.mk.