(Видео) Му ветила дека орално ќе го задоволи, па му го пресекла пенисот, Аргентинка осудена за обид за убиство на момчето

Бренда Баратини од Аргентина е осудена на 12 години затвор, затоа што со ножици му го отсекла пенисот на својот дечко Серџо Фернандез. Бренда веднаш била уапсена по нападот и била обвинета за обид за убиство, пренесува „Дејли Мејл“. Таа го признала делото и нападот врз дечкото, но изјавила дека не ѝ била намерата да го убие.

Пред судијата Бренда се бранела дека делото го сторила во афект, откако Серџо на пријателите им ги покажал снимките од нив двајца, додека имале секс.

„Ми ја уништи приватноста, животот и кариерата“, изјавила Бренда пред судијата.

На почетокот таа тврдела дека тој прв ја нападнал неа. Обвинителите успеале да докажат дека Бренда е таа која успеала да го заведе и да го врзе за стол, ветувајќи му дека ќе го задоволи орално. Тогаш се обидела буквално да го убие. Соседите го слушнале Серџо и веднаш повикале полиција.

Тој осум дена ги минал во кома, а до ден денес има напади од паника и не може мирно да спие. Лекарите изјвиле дека Бренда со ножиците му отсекла 90% од пенисот и еден тестис. Обвинетата досега не најавила дека ќе се жали на пресудата. Нејзиниот адвокат во изјавата нагласил дека никој досега во земјата не е осуден за обид за убиство поради нанесена рана на пенисот.

 

 

Текстот (Видео) Му ветила дека орално ќе го задоволи, па му го пресекла пенисот, Аргентинка осудена за обид за убиство на момчето е превземен од Reporter.mk.