(Видео) Надал му покажа среден прст на Ѓоковиќ

Рафаел Надал му покажа среден прст на Ѓоковиќ за време не натпревар во Мелбурн. Двајцата играа заедно во меч во двојки. Натпреварот беше од хуманитарен карактер, а парите од продажбата на билети ќе се доделат за помош на загрозените во пожарите во Австралија.

Надал му даваше инструкции на Ѓоковиќ, а во еден момент му покажа среден прст. Овој момент предизвика смеа, а потоа и аплауз меѓу публиката.

Текстот (Видео) Надал му покажа среден прст на Ѓоковиќ е превземен од Reporter.mk.