(Видео) Наставничка во САД претепала ученичка на час

Триесет и двегодишната Тифани Шадел Ленкфорд е обвинета затоа то физички се пресметала со еден од учениците. Во тепачката, таа ѝ нанела сериозни повреди на девојката. Инцидентот се случил во средното школо „Лиман“ во Тексас. На снимката од камерата во училницата се гледа како Тифани силно ја удира девојката, додека останатите немо гледаат.

„Ситуацијата се влошила кога Тифани почнала да ги навредува и останатите средношколци“, вели Пол Патрис, адвокатот на семејството на претепаната девојка.

Неговата клиентка му кажала дека прво добила силни удари во главата, а потоа Тифани која била професорка на замена, ја бутнала на земјата и со целата сила почнала да ја удира. Таа се здобила со тешки повреди, по што нејзиниот татко морал да ја однесе во болница.

„Ова е недозволиво. За вакво нешто нема оправдување“, изјавил портпаролот на училиштето Тим Савој, додека гувернерот на Тексас Грег Абол наредил спроведување на целосна истрага.

Тифани платила кауција од 10.000 долари и во моментов се наоѓа на слобода. Ако биде осудена за нанесување на тешки телесни повреди и се заканува казна затвор од две до 20 години.

Текстот (Видео) Наставничка во САД претепала ученичка на час е превземен од Reporter.mk.