(Видео) Негувателка во градинка во Босна ги малтретирала децата

Јавноста во Босна е згрозена од видеото кое излезе во јавноста, во кое една од воспитувачките со име Амила Хасечиќ во градинка во Сараево злоставува дел од децата. Немилата случка била снимена од надѕорните камери поставени на ѕидовите во просторијата.

Еден од родителите на малтретираните деца кои успеал да стигне до снимката, истата ја споделил на Фејсбук, со предупредување до сите родители да внимаваат како нивните деца се третирани во градинките. Родителот пишува дека секој родител треба да ги следи знаците кои ги даваат нивните деца и да реагираат во прв момент кога ќе почувствуваат дека нешто не е во ред.

На снимката се гледа како една од негувателките кон децата се однесува како да се животни. Таа ги граба за рацете и нозете и ги преместува во друга просторија. Нејзините колешки воопшто не реагираат на ваквото нејзино однесување.

На еден од родителите кои успеал да дојде во посед на снимката и да ги објави во јавност, од директорот добиле уверување дека воспитувачките се отстранети од работа. Бесен дека неговото дете било малтретирано, тој дури стапил во контакт со негувателката која е одговорна за ваквиот немил настан, да ја праша зошто го направила тоа.

Негувателката ги негирала ваквите обвинувања, па дури и го пријавила родителот во полиција за закани преку телефон. Сепак родителот инсистирал од полицијата и обвинителството да ја истражат целата работа до крај и да ги спасат другите деца од ваквите малтретирања во иднина.

Обвинителството постојано ги менувало обвиненијата, три вкупно и на крајот по две години го отфрли случајот затоа што ги намало прифатено доказите, а видео снимката не била земена како доказ, затоа што не била набавена во согласност со процедурите.

Обвинета погрешна Амила Хасечиќ

Кога вчера беше објавено видеото, корисниците на фејсбук упатија голем број на заканувачки пораки до лицето Амила Хасечиќ, незнаејќи притоа дека се работи за погрешна личност.

„Погрешната“ Амила Хасечиќ, се огласи преку својот профил и ги повика пријателите да потврдат дека таа не е воспитувачката која ги злоставувала децата. Вели дека нејзиното име била чиста случајност и дека и таа го осудува ваквиот чин.

 

Текстот (Видео) Негувателка во градинка во Босна ги малтретирала децата е превземен од Reporter.mk.