(Видео) Невеста заглави среде поплавените улици на Њу Џерси

Невеста заврши на кровот од автомобилот додека чекала да ја спасат за време на поплавите во Њу Џерси. Девојката мирно седеше на кровот од својот автомобил чекајќи го полицаецот кој дојде со полициски џип и се обиде да ја извлече. Освен невестата, во поплавата заглави и младоженецот и кумовите. По силните дождови кои го зафатија американскиот град, само 15 минути беа доволно улиците да бидат поплавени со вода.

„За жал поради многу дожд, младоженецот и невестата имаа тежок почеток на денот на венчавката. Добра работа е што од прва успеавме да им помогнеме. Денот не им мина како што планирале, но сепак им упатуваме честитки и им ја посакуваме целата среќа во животот“, изјавиле службените лица кои помогнаа во спасувањето.

 

Текстот (Видео) Невеста заглави среде поплавените улици на Њу Џерси е превземен од Reporter.mk.