(Видео) Новинар на „Си-ен-ен“ уапсен додека известуваше во живо

Државната полиција на Минесота, утрово без никакво образложение го уапси новинарот и член на екипата на „Си-ен-ен“, Омар Хименез, пренесува „Ројтерс“. Тој беше уапсен додека се вклучуваше во утринската програма, за да известува за демонстрациите во Минеаполис. Со лисици на рацете, Хименез беше спроведен во полициска станица.

За време на преносот на апсењето на еден од демонстрантите, новинарот на „Си-ен-ен“ беше опколен од шестмина бели полицајци.

„Кажете ми каде сакате да се поместиме“, им се обратил Хименез на полицајците, кој бил со заштитна маска и визир на главата. Тој им објаснил дека е на новинарска задача и дека само си ја извршувал својата работа и должност. Без никаков одговор и образложение од полицајците, тој бил веднаш уапсен.

„Зошто сум уапсен господине“, го прашал Хименез еден од полицајците, но одговор не добил.

Гувернерот на државата Минесота, Тим Валц, прогласи вонредна состојба и нареди интервенција на Националната гарда, а претседателот на САД, Доналд Трамп, алудирал на својот „Твитер“, дека полицијата би требало да ги стрела ограбувачите и разбојниците.

Потоа, од компанијата „Твитер“, стигна обвинување на сметка на Трамп, дека го прекршил правилото за забрана за потткнување на насилството.

Текстот (Видео) Новинар на „Си-ен-ен“ уапсен додека известуваше во живо е превземен од Reporter.mk.