(Видео) Објавен е првиот тизер за „Врба“ на Милчо Манчевски

Објавен е првиот тизер за најновиот филм на режисерот Милчо Манчевски „Врба“, кој својата светска премиера ќе ја има на 19 октомври на Филмскиот фестивал во Рим.

„Филмот е за три млади мајки. Едната приказна се случува ви средниот век во Македонија, а другите две приказни се современи. Приказните се надополнуваат, се отсликуваат, а истовремено се и контраст една на друга. Се работи за љубовни приказни, во кои главната тема е лојалност, меѓутоа и односот на општеството кон поединецот, но и на поединецот кон општеството“, рече Манчевски на неодамнешната пресконференција.

Врба – тизер 1 / Willow – teaser 1

Прв тизер за Врба, првиот македонски филм поканет на Римскиот филмски фестивал. Милчо Манчевски се враќа дома, во голема, голема форма. #врбаНаскоро во кината во Македонија.==The first teaser for Willow, the first Macedonian film selected by Festa del Cinema di Roma. Milcho Manchevski returns home in great, great form. #willow.Soon in the theatres near you.

Posted by Врба / Willow on Петок, 11 октомври 2019

Снимањето на шестиот долгометражен филм на Манчевски беше на различни локации низ прилепскиот регион и на препознатливи локации низ Скопје.

Во филмот играат: Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев, Камка Тоциновски, Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова Периќ и други.

 

Текстот (Видео) Објавен е првиот тизер за „Врба“ на Милчо Манчевски е превземен од Reporter.mk.