(Видео) Објавен трејлерот за новиот филм на Мајкл Мур со страшна прогноза за Америка

Американскиот режисер Мајкл Мур објави трејлер за својот нов документарен филм, „Фаренхајт 11/9“, во кој тврди дека американскиот претседател Доналд Трамп сака да биде доживотен претседател на САД и дека тој веројатно е последниот лидер на најмоќната земја во светот.

Филмот е направен како продолжение на неговиот филм „Фаренхајт 9/11“ од 2004 година, кој се занимава со настани пред 11 септември 2001 година и во кој беше прикажана борбата против тероризмот на тогашниот американскиот претседател, објави „Индипендент“.

Во најновиот филм Мур ги сврте броевите за да го претстави датумот на претседателските избори – 9 ноември 2016 година, што е катастрофа слична на терористички напад што го смени светот.За него, Трамп е злобен гениј кој нема намера да ја напушти Белата куќа.

Премиерата на филмот е најавена за 21 септември.

Текстот (Видео) Објавен трејлерот за новиот филм на Мајкл Мур со страшна прогноза за Америка е превземен од Reporter.mk.