По неспортскиот потег на фудбалерот на Реал Мадрид Серхио Рамос, врз играчот на Луверпул Мохамед Салах, во финалето од ЛШ, низ социјалните мрежи почнаа да кружат смешни видеа.
Многумина сметаат дека Рамос на теренот намерно ја собра и раката на Салах со цел да го повреди, а по натпреварот порталот „Oh my goаl“ се појави видео на кое се монтирани главите на Рамос и Салах за време на тренинг по карате. Двобојот и тука го добива Шпанецот.
Дека Серхио Рамос е еден од најпргавите фудбалери на денешницата, се покажа и на вчерашното финале во Киев против Ливерпул.
Навивачите на премиерлигашот и египетската репрезентација беа незадоволни од неговиот потег со кој го повреди Мохамед Салах и го остави без настап по половина час игра.
Најдобриот фудбалер на „црвените“ низ солзи го напушти теренот на „Олимписки“ стадионот, а подоцна беше сведок и на поразот на својата екипа во првото финале во Лигата на шампионите по цели 13 години.